No products in the cart.
Description
Кога кожата почнува да ја губи еластичноста, кога линиите стануваат видливи и кога текстурата не изгледа како од порано — потребно и е нешто посилно од обична хидратација.
Овој серум е создаден како интензивен, vegan колаген-бустер што работи и површински, и длабински.
Се впива за неколку секунди, не лепи и остава чувство на нежна затегнатост — како мини лифтинг.
Што содржи?
-
Vegan колаген од морска алга (ALGAKTIV Collage) – помага кожата сама да создава повеќе колаген и ја подобрува цврстината.
-
Пептиден комплекс (SYN-COLL + SYN-AKE) – ја измазнува кожата, ги израмнува брчките и ја прави површината порамна.
-
Хијалурон (низ повеќе молекуларни големини) – длабински ги хидрира сите слоеви на епидермисот.
-
Triactigen – го поттикнува клеточниот метаболизам и ја прави кожата поотпорна и посмирена.
За кого е?
-
За жени 28–55 што сакаат да го успорат или превенираат губењето на цврстината
-
За кожа со линии, брчки, намален волумен или „тенок“ изглед
-
За жени што сакаат премиум, vegan нега што дава видливи резултати
-
За модерни, активни жени кои често работат под стрес или патуваат и сакаат секое утро да изгледаат свежо
-
Идеален за оние што сакаат силен, но лесен серум што се впива веднаш и се комбинира со шминка
Како се користи?
Нанеси го наутро и навечер на чиста, тонирана кожа — лице, врат и деколте.
Потоа продолжете со Collagen Vegan Eye Cream и дневната или ноќната крема од истата линија.
Серумот ја подобрува текстурата на кожата, ја зголемува еластичноста и ги намалува линиите на лицето уште по првите денови на користење.
Истовремено ја регулира влагата во сите слоеви, па кожата изгледа пополнета, позатегната и видливо поодморена.




