Energy C Cream

2.190,00 ден

In Stock

In Stock

Додади во омилени
Додади во омилени
Додади во омилени
Додади во омилени

Description

Ако кожата ти изгледа уморно или бледо од влијание на стрес, загадување и динамично секојдневие, ова е кремот што и го враќа животот. Оваа пријатно кремаста 24-часовна нега со витамин C делува токму таму каде што кожата најмногу го чувствува влијанието на околината – на свежината, тонусот и сјајот.

Благодарение на иновативните микросфери, витаминскиот комплекс се ослободува дури при нанесување, обезбедувајќи максимална ефикасност. Кожата изгледа посвежо, порамномерно и видливо ревитализирано.

Што содржи?

  • Витамин C – силен антиоксиданс, ја зајакнува кожата, го поттикнува создавањето колаген и го осветлува тенот

  • Витамин E – негува, штити и спречува предвремено стареење

  • Екстракт од лимон – освежува, хидрира и витализира

За кого е?

  • За жени со бледа и ослабена кожа кои се постојано под стрес

  • За жени кои живеат динамично, патуваат често и сакаат негуван, свеж изглед

  • За сите типови кожа, особено како „entry-level“ anti-aging нега

Како се користи?

Нанеси наутро и навечер на исчистена и тонирана кожа на лицето, вратот и деколтето, со нежна масажа. За уште подобар ефект, претходно користи серум според потребите на кожата.

 

Оваа крема ја штити кожата од надворешни влијанија и предвремено стареење. Ја враќа свежината и природниот сјај и претставува идеална, лесна нега – особено како освежувачка летна крема за секој тип кожа.