No products in the cart.
Description
Кожата често ги покажува првите знаци на замор многу пред ние да ги почувствуваме.
Energy Care сетот е создаден токму за тие моменти – кога кожата има потреба од енергетски витамински “reset” што ќе ја врати свежината, сјајот и еластичноста.
Содржи:
Energy Vitavel Serum (30 ml)
Серум што и дава на кожата дневна доза енергија. Содржи дериват на витамин C кој во кожата се трансформира во чист витамин C и ја стимулира микроциркулацијата. Растителните хидратантни фактори ја враќаат еластичноста, а тенот станува порамномерен и посвеж.
Energy Plus A+E+C Cream (50 ml)
Крем со витамински комплекс што ја штити кожата од оксидативен стрес и надворешни влијанија. Витамините A, C и E ја поддржуваат обновата на клетките, ја подобруваат еластичноста и помагаат кожата да изгледа поцврста и поенергична.
Energy Eye Serum (15 ml)
Ревитализирачки серум за чувствителната зона околу очите. Стабилен дериват на витамин C ги неутрализира слободните радикали, додека Bifidobacterium екстрактот и ретинолот го поддржуваат обновувањето на кожата и ја намалуваат појавата на фини линии и знаци на замор.
- Energy Vitavel Serum
Нанесете неколку капки на чиста кожа на лицето и вратот наутро и навечер. Нежно масирајте додека целосно не се апсорбира за да и дадете на кожата енергетски и витамински boost. - Energy Eye Serum
Нанесете мала количина околу пределот на очите со лесно тапкање со врвовите на прстите. Користете наутро и навечер за освежување на уморниот изглед и подобра хидратација на чувствителната кожа околу очите. - Energy Plus A+E+C Cream
По серумот, нанесете крема на лицето, вратот и деколтето и нежно масирајте додека се впие. Користете ја како завршен чекор во негата наутро и навечер за хидрирана и свежа кожа.
Кога кожата почнува да изгледа уморно или без сјај, овој сет е идеален за оние кои сакаат брзо да го вратат здравиот и негуван изглед на лицето.




