No products in the cart.
Description
Оваа крема за тело е создадена за моменти кога сакаш кожата да се чувствува навлажнета, мазна и негувана од глава до пети. Комбинацијата од богато масло од макадамија и длабински хидратантната хијалуронска киселина ја обвиткува кожата со удобност и ја прави видливо помека и поеластична. Текстурата со пријатен мирис лесно се впива и остава сензуално чувство без тежина.
Совршен избор за секојдневна рутина или како мал луксуз по туширање.
Што содржи?
-
Хијалуронска киселина (нискомолекуларна + липозомски инкапсулирана) – длабински ја хидрира кожата и ја задржува влагата
-
Масло од макадамија – интензивно ја храни кожата и и дава свиленкаста мекост
За кого е?
-
За оние со сува и дехидрирана кожа на телото
-
За жени што сакаат мазна, мека и негувана кожа
-
За секојдневна употреба и моменти на self-care
-
За оние што сакаат лесна, но богата текстура со пријатен мирис
Како се користи?
Нанеси ја саканата количина на телото по потреба и нежно масирај додека целосно не се впие.
Идеална по туширање, кога кожата најдобро ја впива негата.
Кожата веднаш станува свиленкасто мека, мазна и длабински навлажнета.
Со редовна употреба, телото изгледа понегувано, поеластично и со суптилен, луксузен мирис.




