Sensiplus Travel Set

2.490,00 ден

На залиха

На залиха

Додади во омилени
Додади во омилени
Додади во омилени
Додади во омилени

Опис

Совршена за патување и секојдневна практичност. Проѕирната патна торба овозможува уредно и безбедно складирање на производите од Sensiplus линијата и е дозволена како рачен багаж. Сè што ти треба – секогаш со тебе.

Содржи:

Sensiplus Hydrasilk Ultra Mild Cleansing Milk: Ја симирува кожата и дава пријатно и чисто чувство без печење или затегнатост. Со редовна употреба, црвенилото се намалува, а кожата станува поотпорна и балансирана.

Sensiplus Hydrasilk Gel Tonic: Ја прави кожата смирена, свежа и удобно навлажнета.
Лицето станува мазно и свиленкасто, подготвено за следната нега.

Sensiplus Hydrasilk Day & Night Cream:  Ја смирува кожата на лицето а црвенилото и чувството на иритација постепено ги намалува. Со редовна употреба кожата станува помека, поеластична и помалку реагира на надворешни влијанија.

Sensiplus Hydrasilk Eye Cream:   Видливо ги намалува чешањето, затегнатоста и црвенилото. Ја прави кожата околу очите помека, порамна и долготрајно хидрирана, со свеж и одморен изглед.

Како се користи?

  1. Cleansing Milk
    Нанесете мала количина на лицето со нежни кружни движења за да ја отстраните нечистотијата и шминката. Потоа исплакнете со млака вода или избришете со памучен тупфер.
  2. Gel Tonic
    По чистењето, нанесете од тоникот на памучен тупфер и нежно поминете по лицето и вратот. Оставете да се апсорбира неколку секунди.
  3. Day & Night Cream
    Потоа нанесете од кремата на лицето и вратот и нежно масирајте додека целосно не се впие.
  4. Eye Cream
    Како последен чекор, нанесете мала количина од кремата околу пределот на очите и нежно тапкајте со врвовите на прстите додека се апсорбира.