No products in the cart.
Опис
Знаеш за оние денови кога кожата ти станува црвена, затегната или само „изморена“ од сè — од клима, сонце, шминка, патувања или премногу обврски?
Лицето веднаш ти кажува дека му треба одмор, дури и ако ти сама немаш време за тоа.
Овој сет од три чекори е како мини спа момент што го правиш дома за 20 минути. Смирува, длабински хидрира и ја враќа кожата во живот.
Што содржи?
-
Алое вера – длабинска хидратација и брза регенерација
-
Edelweiss extract – ја ревитализира кожата и ја зајакнува
-
Lilium candidum – смирува, измазнува пори и помага кај ситни иритации
-
Екстракт од Краставица – чисти, освежува, балансира и го израмнува тенот
За кого е?
- За жени што сакаат брз, луксузен третман – дома или во хотел.
- За тие што сакаат да изгледаат свежо и негувано без да поминат саати во салон.
- За кожа што е уморна, дехидрирана или „преоптоварена“ од секојдневието.
Како се користи?
- Отворете го кесичето, извадете ја маската и нанесете ја на лицето.
Отстранете ја по 15-20 минути и масирајте ги остатоците од маската. - Отворете го кесичето, нанесете го кремот за очи околу очите и нежно масирајте на сеуште влажната кожа (не тријте).
- Отворете го кесичето, нанесете го кремот со каротен и алое вера и рамномерно масирајте на кожата на лицето.
Кожата ќе изгледа похидрирана, помирна и посвежа веднаш по првата употреба.
Тенот станува порамномерен и кожата добива природен и одморен сјај.




