No products in the cart.
Опис
Кога си во брзање, под стрес или по цел ден пред компјутер, кожата прва го покажува тоа: станува бледа, без сјај и визуелно „исцедена“.
Овој сет дава резултати веднаш — ја освежува кожата и и враќа светлина и рамнотежа за многу кратко време.
Совршено е за жени кои живеат брзо, постојано се активни и сакаат да изгледаат свежо дури и во најхаотичните денови.
Што содржи?
-
Sea Buckthorn – ја обновува кожата и ја прави поотпорна
-
Biotin (B7) – ја поддржува клеточната енергија и обновата
-
Витамини A + E + C – ја измазнуваат кожата, ја штити и и дава природен glow
-
Betaine – го регулира балансот на влага и ја смирува кожата
За кого е?
-
За жени 28–55 со брз, урбан ритам
-
За кожа што често изгледа уморно, бледо, под стрес или без сјај
-
За оние што сакаат брз ефект без премногу чекори
-
За жени што патуваат често или работат долгo пред компјутер
-
Идеално за „опоравување“ после викенд, излегувања или напорна работна недела
Како се користи?
- Отворете го кесичето, извадете ја маската и нанесете ја на лицето. Отстранете ја по 15-20 минути и масирајте ги остатоците од маската.
- Отворете го кесичето, нанесете го кремот за очи околу очите и нежно масирајте на сеуште влажната кожа (не тријте).
- Отворете го кесичето, нанесете го кремот Energy A+E+C и рамномерно масирајте на кожата на лицето.
Кожата веднаш изгледа посвежо, посветло и визуелно поодморено — како да си спиела повеќе од 8 часа.
Со редовна употреба, станува поизедначена, поотпорна и со природен „healthy glow“.




