Collagen Vegan Serum

4.190,00 ден

На залиха

На залиха

Додади во омилени
Додади во омилени
Категории ,
Додади во омилени
Додади во омилени

Опис

Кога кожата почнува да ја губи еластичноста, кога линиите стануваат видливи и кога текстурата не изгледа како од порано — потребно и е нешто посилно од обична хидратација.
Овој серум е создаден како интензивен, vegan колаген-бустер што работи и површински, и длабински.

Се впива за неколку секунди, не лепи и остава чувство на нежна затегнатост — како мини лифтинг.

Што содржи?

  • Vegan колаген од морска алга (ALGAKTIV Collage) – помага кожата сама да создава повеќе колаген и ја подобрува цврстината.

  • Пептиден комплекс (SYN-COLL + SYN-AKE) – ја измазнува кожата, ги израмнува брчките и ја прави површината порамна.

  • Хијалурон (низ повеќе молекуларни големини) – длабински ги хидрира сите слоеви на епидермисот.

  • Triactigen – го поттикнува клеточниот метаболизам и ја прави кожата поотпорна и посмирена.

 За кого е?

  • За жени 28–55 што сакаат да го успорат или превенираат губењето на цврстината

  • За кожа со линии, брчки, намален волумен или „тенок“ изглед

  • За жени што сакаат премиум, vegan нега што дава видливи резултати

  • За модерни, активни жени кои често работат под стрес или патуваат и сакаат секое утро да изгледаат свежо

  • Идеален за оние што сакаат силен, но лесен серум што се впива веднаш и се комбинира со шминка

Како се користи?

Нанеси го наутро и навечер на чиста, тонирана кожа — лице, врат и деколте.
Потоа продолжете со Collagen Vegan Eye Cream и дневната или ноќната крема од истата линија.

Серумот ја подобрува текстурата на кожата, ја зголемува еластичноста и ги намалува линиите на лицето уште по првите денови на користење.
Истовремено ја регулира влагата во сите слоеви, па кожата изгледа пополнета, позатегната и видливо поодморена.