Energy Facial Care Set

5.090,00 ден

На залиха

На залиха

Додади во омилени
Додади во омилени
Додади во омилени
Додади во омилени

Опис

Кожата често ги покажува првите знаци на замор многу пред ние да ги почувствуваме.
Energy Care сетот е создаден токму за тие моменти – кога кожата има потреба од енергетски витамински “reset” што ќе ја врати свежината, сјајот и еластичноста.

Содржи:

Energy Vitavel Serum (30 ml)
Серум што и дава на кожата дневна доза енергија. Содржи дериват на витамин C кој во кожата се трансформира во чист витамин C и ја стимулира микроциркулацијата. Растителните хидратантни фактори ја враќаат еластичноста, а тенот станува порамномерен и посвеж.

Energy Plus A+E+C Cream (50 ml)
Крем со витамински комплекс што ја штити кожата од оксидативен стрес и надворешни влијанија. Витамините A, C и E ја поддржуваат обновата на клетките, ја подобруваат еластичноста и помагаат кожата да изгледа поцврста и поенергична.

Energy Eye Serum (15 ml)
Ревитализирачки серум за чувствителната зона околу очите. Стабилен дериват на витамин C ги неутрализира слободните радикали, додека Bifidobacterium екстрактот и ретинолот го поддржуваат обновувањето на кожата и ја намалуваат појавата на фини линии и знаци на замор.

  1. Energy Vitavel Serum
    Нанесете неколку капки на чиста кожа на лицето и вратот наутро и навечер. Нежно масирајте додека целосно не се апсорбира за да и дадете на кожата енергетски и витамински boost.
  2. Energy Eye Serum
    Нанесете мала количина околу пределот на очите со лесно тапкање со врвовите на прстите. Користете наутро и навечер за освежување на уморниот изглед и подобра хидратација на чувствителната кожа околу очите.
  3. Energy Plus A+E+C Cream
    По серумот, нанесете крема на лицето, вратот и деколтето и нежно масирајте додека се впие. Користете ја како завршен чекор во негата наутро и навечер за хидрирана и свежа кожа.

Кога кожата почнува да изгледа уморно или без сјај, овој сет е идеален за оние кои сакаат брзо да го вратат здравиот и негуван изглед на лицето.