No products in the cart.
Опис
Постојат денови кога темпото е брзо, обврските се многу, а кожата мора да изгледа беспрекорно – без оглед на сè.
Токму за тие денови е создаден овој високо ефикасен Vitamin C Serum 12%.
Концентрираната форма на 3-O-Ethyl-L-Ascorbic Acid (стабилна форма на витамин Ц) делува прецизно: ја осветлува кожата, го изедначува тенот и помага во намалување на пигментациите и фините линии. Истовремено, го стимулира природното создавање на колаген – за поцврста, поеластична и посвежа кожа.
Што содржи?
- 3-O-Ethyl-L-Ascorbic Acid (Vitamin C 12%) – помага во намалување на пигментации и фини линии, го стимулира создавањето на колаген
- Hyaluronic Acid (Sodium Hyaluronate) – обезбедува интензивна и долготрајна хидратација
- Pentylene Glycol – и дава дополнителна влага и поддршка на кожната структура
За кого е?
- За жени кои вложуваат во себе.
- За оние што се постојано на состаноци, патувања, викенд излегувања, а секогаш сакаат среден изглед.
- За кожа што треба да изгледа свежо, стабилно, сјајно и негувано, дури и кога распоредот е исполнет.
Како се користи?
Нанесете неколку капки на чиста кожа на лицето и вратот, наутро и навечер. Потоа нанесете крема соодветна на типот на кожа. Во дневната рутина секогаш комбинирајте со SPF за максимална заштита.
Кожата што изгледа свежо не е случајност – туку резултат на правилна нега.
Овој серум работи тивко, но ефикасно, за тен што изгледа рамномерно, еластично и самоуверено.





